Број 2182 понеделник, 16 октомври 2006


  Што прават денеска


Ката Мисиркова-Руменова - писателка
Централно место во денешниов ден ми е промоцијата на мојата автобиографија „Човекот, душата, виделината", што ќе се случува од 11,30 часот во Институтот за македонски јазик. Верувам дека сите Македонци ќе се препознаат во трите збора од насловот на книгата.


Зоран Љутков - актер
Речиси целиот ден го живеам во „филмот" на Гогољ. Од 11 часот ја имам првата проба во денот на претставата „Ревизор" што ја подготвуваме во МНТ, во режија на Владе Милчин. Попладне имаме некоја пауза, па од 19 часот повторно продолжуваме со пробата до доцна навечер.


Марјан Крстевски - пејач
По средувањето на впечатоците од „Охрид фест", каде што го освоив третото место, продолжувам со подготовките за настап на претстојниот „Макфест". Но, сепак, покрај обврските околу музиката, денеска секако дека ќе најдам време да го испијам пладневното кафе во некое од кичевските кафулиња.
© 2001 Утрински Весник, сите права задржани