Граѓаните ќе имаат можност поблиску да се запознаат со информатичката и
комуникациската технологија преку проектот „Македонија сурфа", чија реализација
започна во саботата во Скопје, а ќе се организира во уште девет града низ
државава.
Проектот е финансиран од УСАИД, а нејзиниот претставник во
Македонија, Тим Донеј, вели дека оваа организација ќе продолжи да го поддржува
развојот на информатичко-комуникациската технологија. „Македонија е промовирана
како прва земја со безжичен Интернет во светот, но, тоа е само почеток. Целта ни
е да работиме со Владата за да ја направиме највисок технолошки граѓански сервис
во регионот. Тоа го правиме затоа што информатичката технологија штеди пари,
штеди време и се бори против корупцијата", изјави Донеј, откако го означи
почетокот на бесплатното сурфање на плоштадот „Македонија" во Скопје заедно со
премиерот Никола Груевски и скопскиот градоначалник Трифун Костовски.