Број 2208 понеделник, 16 октомври 2006


  Шарена страница

   

 

„Огнот на Анадолија" дочекан и испратен со овации
- Се помина онака како што очекувавме. Првпат игравме на олку мала сцена и во олку мал простор. Дојдовме зашто ја сакаме Македонија. Народот изгледа многу близок до нас, се чувствуваме како роднини, имаме слична култура, и тоа е една од причините поради кои публиката добро не разбра и и се допадна шоуто, ни изјави Мустафа Ердоган, директор и кореограф на „Огнот на Анадолија". Ердоган додаде дека целиот проект за него е остварување на дваесетгодишната фантазија која е реалност веќе седум години. Веќе во мај или во јуни неговите танчари ќе го промовираат и новото шоу кое ќе биде насловено „Троја"

Шеесетина танчари и танчарки, членови на една од најпознатите светски танц-трупи, „Огнот на Анадолија" (Фире оф Анатолиа), беа дочекани и испратени со бурни аплаузи и овации во Универзалната сала во Скопје.

Инспирирани од античката митологија и културна историја на Анадолија, „огнените" танчари, кои претендираат и на влез во Гинисовата книга на рекорди (со четири движења во една секунда) нж почестија со два настапа (во петокот и во саботата вечер), а на скопјани им понудија малку повеќе од едно и полчасовно незаборавно доживување.

Играта на Мевлемите дервиши од Коња, народните и стомачни танци, колоритните костими и мејк ап, доминатното и цврсто присуство на сцена, трепетната музика и креативни танци го прават „Огнот на Анадолија" уникатен, шоу кое досега го гледале над 10 милиони гледачи низ светот. Вечната борба меѓу доброто и злото, оганот на страста и желбата за слобода се главните компоненти на шоуто во кое, сепак, на крајот, победува доброто. Почнувајќи од најавата за создавањето на Анадолија и сцената во која Прометеј им го дава оганот на луѓето, крадејќи го од Зевс, па преку Тхе Фире Церемонѕ, Риверс оф Фире, Данце оф Фире..., сж до Тхе Армс оф тхе Лигхт, Рецоверѕ оф Лифе, Блоссом..,"Фире оф Анатолиа", некогаш позната и како "Султанс оф тхе Данце" со своите танци ја заведе и македонската публика, на истиот начин на кој го заведе и остатокот од светот...

"Огнот на Анадолија" првпат се играше на толку мал простор како што е сцената на Универзална сала, но ни тоа не го помати впечатокот дека се работи за уникатна и професионална сензација, која не пропуштија да ја проследат и Трифун Костовски, Тито Петковски,турскиот амбасадор во Македонија, Танер Каракаш, Хари Костов, Благоја Чоревски, Дарио, Трендо и Зорица Црношија...

Македонија ќе остане запаметена како 43 земја - домаќин на големата и најуспешна турска танц-трупа која по Скопје ја продолжи својата турнеја во Србија и во Хрватска. (К.Ш.)

© 2001 Утрински Весник, сите права задржани