Парите се подготвени, „Лотарија" го очекува битолскиот милионер Среќниот добитник може да подигне во готово само 15.000 евра во денарска противвредност
Иако доби 900.000 евра на Бинго, Љупчо Каранфиловски од битолското село Дихово не сакаше да се скрие од јавноста. "Утрински весник" првпат ја објавува фотографијата на Каранфиловски со сопругата снимени 1998 година
МИОДРАГ МИЦКОВИЌ
Во „Лотарија на Македонија" сж е
подготвено денес или во текот на неделава да го пречекаат новопечениот битолски
милионер. кој во 41 коло на Лото на своето системско ливче од 8 бројки, ја
погоди „седумката "вредна 29.579.776 денари или кога на оваа сума ќе се додаде и
наградата за седумте „шестки" колку што имал плус „седумката" на ливчето,
наградата за засега непознатиот добитник од Битола изнесува 39.660.584 денари.
На оваа сума битолскиот милионер ќе мора да плати персонален данок во
износ од 15 отсто, така што чисто ќе му бидат исплатени 33.711.497 денари или
пресметано во евра 543.736, што е втора награда по висина во историјата на Лото
во Македонија, почнувајќи од 1985 година на 30 јуни. Рекордот го држи еден играч
од Скопје, кој во 48 коло 2004 година ја подигна „седумката", по цели три години
потера по неа и ја олесни благајната на „Лотарија на Македонија" за околу
900.000 евра. На него тогаш, по одбивањето на данокот, му беа исплатени чисто
46.793.387 денари или 760.870 евра.
Ова е и најголемата сума која некој
играч на која било игра на среќа ја има наплатено од „Лотарија на
Македонија".Имаме некои сознанија дека среќниот добитник од Битола веќе се има
јавено во „Лотарија на Македонија", но сж уште не се знае кога ќе дојде, дали
сака да го открие својот идентитет или ќе остане анонимен како неговиот
претходник од Скопје.
Според правилата на „Лотарија", тој има право да
остане анонимен. Од вкупната сума во готово, според Законот, може да подигне
само 15.000 евра во денарска противвредност, другите пари ќе му бидат префрлени
во банка на штедна книшка, може и на повеќе, на тековна или на жиро-сметка.
Можеби ќе биде интересно за нашите читатели како ги подигна парите
скопскиот милионер во 2004 година. Тој тактизирал цела недела додека со
сопругата и татко му не дошол во „Лотарија на Македонија" за да се договори како
ќе ги подигне парите и јасно да го донесе своето вредно лото-ливче број 41на кое
играл скратен систем од 13 бројки. Со оглед дека пред тоа, во 41 коло погодил
„шестка", за која имал наплатено 42.000 денари, во ова 48. коло играл шест
скратени системи за кои уплатил 6.370 денари, но само на првиот ја погодил
„седумката", плус 23 „петки" и 35 „четворки".
Анонимниот добитник од
Скопје, кој и ден денес не ч е познат на јавноста, ниту пак во Автокоманда каде
што живее, во готово не подигнал ниту еден денар од големата сума што ја добил
на благајната на „Лотарија на Македонија". Сите пари ги распоредил подеднакво на
шест штедни книшки, по две во три банки во Македонија. На кои имиња, јасно,
освен во банките, никој не ги знае. Дури, како што рекол тогаш, за големата
среќа и огромната добивка не им кажал ниту на двата малолетни сина.
Како
ќе направи битолскиот милионер, на кој начин ќе ги подигне парите, тоа е негова
одлука. Парите се тука, сж е подготвено да му бидат префрлени по негова желба во
која банка сака.
Последниве години Битола е навистина среќен град за
играчите на среќа. Веќе спомнавме дека во 1998 година Љупчо Каранфиловски доби
900.000 евра на Бинго, на 7 јануари 2004 година еден битолски пензионер, кој
сакаше да биде анонимен, на џокер доби 120.000 евра и еве сега трет битолски
рекордер со 640.000 евра на Лото.
Откако е воведено Лото со седум бројки
од 1985 година, во Битола беа пронајдени 8 „седумки". Првата дури 1990 година,
по пет години потрага по неа и тоа во 10 коло. Потоа во наредните две години,
пак, по една, сж до 1995 година до кога беа пронајдени 4 „седумки", од кои две
мошне вредни, 1994 (190.000 евра) и 1995 (225.000 евра). Од таа во 1995 година,
па сж до последното 48. коло 2006 година во Битола немаше паднато „седумка", таа
како да беше маѓепсана за играчите од овој град, конечно да падне пред неколку
дена - и тоа мошне вредна 460.000 евра.