Владата бега од инвестиција тешка 750 милиони евра Владата подготвува терен да го поништи тендерот за продажба и ќе ја активира термоцентралата „Неготино"
Доколку се поништи тендерот, Австријците најавуваат дека инвестицијата од 750 милиони евра ќе ја пренасочат во друга земја од регионот: од потпишувањето на договорот за продажба на „Дистрибуција"
МАЈА ТОМИЌ
Се уште е неизвесно, но веројатно, дека Владата наскоро
ќе го поништи тендерот за продажба на ТЕЦ „Неготино". Тој чин ќе значи дека
државата ќе продолжи да раководи со овој енергетски капацитет. Со тој потег
Владата ќе избрка од земјава инвестиција тешка 750 милиони долари и ќе ја
направи енергетската иднина на земјата уште подраматична.
Владата веќе
две седмици ја има на дневен ред оваа точка и се очекуваше дека до крајот на
неделава ќе биде соопштен конечниот став,но сж уште нема конкретен одговор.
Премиерот Никола Груевски завчера повтори дека експертски тимови имаат составено
извештај и мислење за тендерскиот процес за „Неготино", но тој не е оценет од
страна на владините министри. Владини енергетски експерти сега откриваат дека
ТЕЦ „Неготино" е значаен енергетски капацитет за државава и во моментов не треба
да се продава.
Тоа е ставот и на директорот на ЕЛЕМ, Влатко Чинговски,
според кого државата не треба да го загуби главното влијание во термоцентралата,
а и доколку некогаш се реши на продажба, треба да се продава само дел од
капиталот, односно државата треба да раководи со „Неготино" во партнерство со
некоја странска компанија. Ова се нови експресно срочени сознанија на Владата
која сака низ мала врата да го поништи тендерот и да ја одврати ЕВН од
инвестиции кои изнесуваат над 750 милиони евра. Општо е познато дека ТЕЦ
„Неготино" се смета како еден вид стратегиски објект кој многу ретко се
вклучува, бидејќи производството на струја од оваа централа е прескапо. Во
последната деценија ТЕЦ Неготино не е вклучена ниту еднаш.
Недостигот од
приближно милијарда киловат-часови струја и енергетската криза што сериозно ч се
заканува на земјава, велат владините „енергетичари", се добра основа за
донесување одлука за поништување на тендерот и за враќање на термоцентралата во
прегратките на државата, па макар таа и понатаму не работела. Тоа е главниот
адут на Владата за поништување на тендерската процедура и за активирање на
објектот за надоместување на домашните потреби за струја. Очигледно се работи за
сосема поинакви мотиви отколку да се решава проблемот со недостиг на електрична
енергија. Искуствата кажуваат дека при продажбата на капитални објекти
корупцијата цвета.
И првиот човек на МЕПСО, Атанаско Туневски, е на став
дека во ваква алармантна ситуација на недостиг од струја мора брзо да се
интервенира, а „Неготино" наводно е единствениот излез. Со други зборови,
капацитетот не треба да се продава во моментов, бидејќи само тој може да ја
избави земјава од енергетската криза која се заканува. Притоа, веќе нема да биде
проблем скапиот квч произведена струја од мазутот на „Неготино", бидејќи и
увозната цена на квч достигна приближно еднаква висина со онаа од ТЕЦ-от. При
последниот увоз на струја, просечната цена на квч достигна 5,2 евроцента, а се
очекува таа да биде уште повисока со наредниот увоз. Додека цената на квч од
„Неготино", според сегашните цени на мазутот на светската берза, би изнесувала
околу осум евроценти.
ТЕЦ „Неготино" не е активирана десетина години.
Капацитетот се чува како златна резерва и само се одржува во топла состојба со
цел да може да се вклучи во алармантна ситуација на недостиг од струја. Сепак, и
покрај честите проблеми со количествата струја за потребите во земјава, тоа не
се случи долг период, најмногу затоа што цената на произведен квч струја од
мазутот секогаш беше повисока од увозната цена. Ситуацијата наводно е променета
годинава, кога од една страна струјата од увоз е со ��ногу повисока цена од
ланската, а од друга страна МЕПСО се соочува со недостиг од средства за нејзина
набавка. фактите велат нешто сосема спротивно: ТЕЦ Неготино не работела ниту
кога цената на нафтата и мазутот биле пет пати поевтини од сегашните. Според тоа
стануваат јасни мотивите зошто на некого страшно многу му се брза да го поништи
тендерот. Покрај тоа, проблем во регионот претставува и недостигот од струја за
извоз, односно општата енергетска криза.
Меѓутоа, притоа не се кажува
големата грешка на Владата која одлучи пред Божик да го гои прасето, односно во
октомври одлучи да купува струја место тоа да го направи многу порано.
Од одлуката на Владата за тендерот на „Неготино" ќе зависи дали ќе
излезе од игра прворангираната компанија - австриската ЕВН АГ, чија понуда
претходната влада во јуни годинава ја квалификува како најдобра. Според
претседателот на УО на „ЕВН Македонија", Георг Валднер, фирмата сосема регуларно
учествувала на меѓународниот тендер и ги испочитувала пропишаните правила и
стандарди. Тоа практично значи дека и Владата треба да ги почитува преземените
обврски од меѓународниот тендер. Сепак, доколку Владата сега оцени дека треба да
се поништи тендерот, ќе се почитува нејзината одлука. Во тој случај, тоа би
значело дека нема да се реализира планираната инвестиција во „Неготино" од 750
милиони евра за преадаптација на централата на камен јаглен и гас. „Ако не
инвестираме тука, тогаш ќе инвестираме во некоја соседна земја", изјави неодамна
Валднер, додавајќи дека за соседна Бугарија, каде што ЕВН има купено неколку
дистрибуции, постојат готови проекти за значајни инвестиции.
Инаку, со
реализацијата на инвестицијата на ЕВН, „Неготино" би добила нова моќност од 771
мегават, што е повеќе од трите блока на РЕК „Битола" кои имаат инсталирана
моќност од 755 мегавати. (М.Т.)