Број 2208 понеделник, 16 октомври 2006


  Економија

   

 

Годинава помалку туристи од лани

Бројот на туристите во периодот јануари-август 2006 година е намален за 1,4 отсто, во однос на истиот период од претходната година. За истиот споредбен период, според Државниот завод за статистика, исто така, се намалил и бројот на ноќевањата и тоа за 2,9 отсто.

Бројот на странските туристи во август годинава е зголемен за 4 отсто во однос на претходниот месец, кај странците е регистрирано и зголемување на ноќевањата за 14,2 отсто. Во август годинава имало 2,4 отсто туристи помалку од истиот месец лани. (Макфакс)

© 2001 Утрински Весник, сите права задржани