Списанието за популарна култура „Филтер“, што во вид на месечник
излегуваше до април годинава, се враќа во малку поинаква форма, но уште побогато
и подостапно. Новиот „Филтер“ ќе се објавува на Интернет адресата www.mojfilter.com и ќе ги задржи сите
препознатливи карактеристики: елегантен, минималистички дизајн што гарантира
прегледност, како и ексклузивни содржини распоредени во рубриките Експрес,
Акција, Фонотека, Видеотека, А-капела и Сцена. Покрај тоа што новиот
„Филтер“ е бесплатен, најважната промена е што списанието ќе се ажурира
секојдневно, а тоа на неговите читатели ќе им овозможи да добиваат многу повеќе
информации. „Изминатите десетина дена беа извршени последните тестирања на
функционалноста и откако се уверивме дека “Филтер е брз, достапен и интуитивен
портал кој со ништо не заостанува зад сличните вакви проекти во светот, го
пуштивме во употреба, вели уредникот на ова списание, Емил Хаџи-Панзов. Веќе
се објавени повеќе вести и рецензии на албуми и филмови, како и ексклузивни
интервјуа со ди-џеј Вајлдчајдл и Софа
Срферс.
(Т.И.)