Број 2208 понеделник, 16 октомври 2006


  Спорт

   

 

Крамник апсолутен светски првак во шах
Тој го совлада Топалов со 2,5-1,5 во тај-брејкот по забрзано темпо, во кој Бугаринот превиде фигура во последната партија

Владимир Крамник
Русинот Владимир Крамник ја обедини титулата светски шампион во шах откако во доигрувањето по забрзано темпо го победи Бугаринот Веселин Топалов со 2,5-1,5. Регуларниот дел од мечот што се одигра во Елиста заврши нерешено 12:12. Без оглед на исходот, двајцата ќе поделат еден милион долари.

Напнатата атмосфера во мечот по протестот на Топалов поради честото користење на тоалетот од Крамник во првите неколку партии, по што Русинот загуби една партија службено зашто не сакаше да игра по прифаќањето на жалбата на Бугаринот, кулминира во последната партија од тај-брејкот. Во неа на Топалов му се случи неверојатен превид кога на противникот му подари цел топ! Веднаш потоа Крамник стана и победнички ги крена рацете, а неговите навивачи во салата еуфорично го прославија неговиот успех.

„Со пријателите планираме да се опијаниме денеска", беше првата реакција на новиот светски првак по завршувањето на мечот. „Многу сум среќен што круната останува во Русија. Овој успех можам да го споредам само со победата над Каспаров. Имајќи ја предвид атмосферата што ја создаде мојот противник, победата беше прашање на принцип за мене".

„Среќен сум што сж заврши. Сигурен сум дека ме поддржуваше цела Бугарија. Тоа што се случи во Елиста можеше да се случи каде било, но ние бевме подготвени. Правилата секаде се исти. Чудно е што насилството на Крамник не беше забележано, но мојот менаџер Силвио Данаилов ќе ви даде повеќе детали за случајот", изјави Топалов.

Крамник - Топалов



1. д4 д5 2. ц4 ц6 3. Сф3 Сф6 4. Сц3 е6 5. е3 Сбд7 6. Лд3 д:ц4 7. Л:ц4 б5 8. Ле2 Лб7 9. О-О Ле7 10. е4 б4 11. е5 б:ц3 12. е:ф6 Л:ф6 13. б:ц3 ц5 14. д:ц5 С:ц5 15. Лб5+ Кф8 16. Д:д8+ Т:д8 17. Ла3 Тц8 18. Сд4 Ле7 19. Тфд1 а6 20. Лф1 Са4 21. Таб1 Ле4 22. Тб3 Л:а3 23. Т:а3 Сц5 24. Сб3 Ке7 25. Тд4 Лг6 26. ц4 Тц6 27. С:ц5

Т:ц5 28. Т:а6 Тб8 29. Тд1 Тб2 30. Та7+ Кф6 31. Та1 Тф5 32. ф3 Те5 33. Та3 Тц2 34. Тб3 Та5 35. а4 Ке7 36. Тб5 Та7 37. а5 Кд6 38. а6 Кц7 39. ц5 Тц3 40. Таа5 Тц1 41. Тб3 Кц6 42. Тб6+ Кц7 43. Кф2 Тц2+ 44. Ке3 Т:ц5 45. Тб7+ 1-0

© 2001 Утрински Весник, сите права задржани