Број 2176 понеделник, 16 октомври 2006


  Свет

   

 

Анан сака да биде посредник меѓу Израел и Хезболах
Израел бара ОН да асистираат, а не да посредуваат

Невозможна мисија: Кофи Анан
Генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, изјави дека Израел и Хезболах ја прифатиле неговата понуда за посредување во спорот околу двајцата заробени израелски војници. Хезболах ги зароби војниците за време на прекуграничниот напад што се случи во јули и го поттикна неодамнешниот конфликт со Израел. Групата повика на размена на затвореници со Израел. Израел го повтори својот став дека војниците мора да бидат безусловно ослободени и наведе дека ОН ќе асистираат, наместо да посредуваат, во окончување на овој спор. Израелскиот портпарол Марк Регев за Би-Би-Си изјави дека Израел континуираното заробеништво на двајцата војници го смета за прекршување на прекинот на огнот со кој се окончаа борбите и очекува ОН да го олесна нивното безусловно ослободување.

Дописникот на Би-Би-Си во Ерусалим јави дека ова за Израел е политички непријатна ситуација да се прифати идејата оти ОН посредуваат во одржување преговори меѓу Израел и Хезболах. Израелскиот став е дека нема преговори со Хезболах, кој се смета за терористичка група. Меѓутоа, дописникот јавува дека голем број Израелци прифаќаат дека голема е веројатноста за постигнување договор, како што се има случено и порано во врска со затвореници.

Ќе биде именуван специјален медијатор, но Анан смета дека сж уште не треба да го открива неговото или нејзиното име. Портпаролот на Анан изјави дека и двете страни побарале посредник и дека тој се согласил „да ја игра таа улога". Неговиот портпарол уште додава дека „тој нж само што доби зелено светло од Израелците туку тие, исто така, му дадоа и допирна точка". Меѓутоа, израелската влада соопшти дека објавата на Анан не беше во линија со нивната позиција во врска со затворениците. „Не е потребен медијатор", изјави официјално лица за новинската агенција Ројтерс. „Во резолуцијата на ОН се наведува дека војниците безусловно ќе бидат ослободени. Генералниот секретар на ОН ќе асистира, но нема да посредува".

Говорејќи на конференцијата за печатот во саудискиот град Једах, Анан изјави: „И двете страни ги прифатија добрите услуги на генералниот секретар за да помогне во решавањето на проблемот". Тој уште додаде дека Анан ќе именува медијатор, бидејќи сака тој или таа „дискретно" да работи на случајот. Меѓу другите потенцијални медијатори кои ќе треба да го осигураат ослободувањето на израелските војници се борецот за граѓански права Џеси Џексон и шефот на германското разузнавање. (Би-Би-Си)

© 2001 Утрински Весник, сите права задржани