ПДП и предлага на ДУИ референдум за враќање на мандатите
ТЕТОВО - Во седиштето на ДУИ во Мала Речица доцна синоќа се одржа средба
на лидерско ниво на коалициските партнери Али Ахмети и Абдулади Вејсели со
генералните секретари на ДУИ и на ПДП. На влегување, лидерот на ПДП, Вејсели,
рече дека ништо не сака однапред да предвидува и дека за сж најнапред ќе има
договор на највисоко ниво. Сепак, претходно тој најави дека доаѓа повторно со
предлогот за враќање на пратеничките мандати, но истовремено и со предлог за
организирање референдум во општините од каде што потекнуваат пратениците на
двете партии. Доколку овие предлози не бидат прифатени, можна опција е и
растурање на коалицијата ДУИ и ПДП.
Лидерите го разгледуваат и прашањето
за еден вид граѓанска непослушност во локалните самоуправи каде што
градоначалници се луѓе на овие две партии, но и на други општини кои остануваат
под превезот на тајноста. Во секој случај, за договореното на највисоко лидерско
ниво ќе расправаат претседателствата кои ќе ги градат официјалните политички
ставови за натамошно дејствување. Вчера не можеше да се дознае кога точно би се
состанале претседателствата и дали тоа ќе биде на заедничка средба.
(Г.Е.)