Број 2145 понеделник, 16 октомври 2006


  Хроника

   

 

Автомобил влезе во бутик по верижен судир на четири возила

ТЕТОВО - Автомобил „мерцедес" со швајцарски регистарски таблички, управуван од тетовецот Ш.П, ноќта спроти саботата, завршил во бутик. Возилото најнапред скршило рекламно пано, а потоа меѓу две дрва на тротоарот, со сета силина, удрило во излозите, завршувајќи во внатрешноста на бутикот „Џира комерц", сопственост на Милорад Трајковски, причинувајќи значителна материјална штета, додека возачот се здобил со полесни повреди. На овој настан претходел судир меѓу „мерцедесот" со „голф" со тетовски таблички, управувано од Е.Ј. Двете возила потоа удриле во други две - БМВ и „опел аскона". Овој верижен сообраќаен карамбол се случи во центарот на градот, на булеварот „Илинденска" кај повеќекатницата позната како Кула, каде што всушност и заврши „мерцедесот". (Г.Е.)

© 2001 Утрински Весник, сите права задржани