Број 2145 понеделник, 16 октомври 2006


  Скопје

   

 

По улиците возат 123 таксисти помалку

Во изминатите шест месеци градските инспектори исклучиле од сообраќај 123 такси-возила, бидејќи сопствениците не поседувале лиценци за работа. Поднесени се вкупно 157 прекршочни пријави за таксисти што не ги почитувале законските одредби во такси-превозот.

Во извештајот на Градската инспекција за патен сообраќај е наведено дека биле преземени мерки и против превозници што немале уверенија за исправен, пломбиран и баждарен таксиметар, како и против оние што не биле впишани во трговскиот регистар

за превоз во патниот

сообраќај. (Дс.Т.)

© 2001 Утрински Весник, сите права задржани