Број 2145 понеделник, 16 октомври 2006


  Скопје

   

 

Ќе се покрива каналот во Нерези

Општинарите од Карпош планираат да го покријат каналот во Нерези. Наскоро за таа цел ќе нарачаат проект, кој сакаат да го изведат наесен. Градоначалникот Андреј Петров вели дека иако покривањето на каналите е обврска на Градот, Општината веќе не може да чека надлежните да си ја исполнат обврската.

„Проблемите кои ги создава каналот секојдневно се зголемуваат. Ние веќе не можеме да чекаме Градот да си ја изврши обврската, така што ако имаме можност, каналот ќе го покриеме наесен, ако не - сигурно напролет. Дотогаш ќе ги обезбедиме и потребните средства", вели Петров.

Неодамна општинарите го покрија и каналот кај „Олимпико" и оној кај ресторанот „Имес",

за што потрошија

10 милиони денари. (Дс.Т.)

© 2001 Утрински Весник, сите права задржани