Број 2145 понеделник, 16 октомври 2006


  Дневник

   

 

Да престанеме да ја молиме СПЦ за „Прохор Пчињски"

„Владата на Република Македонија конечно треба да запре со секоја година молење и безмалку коленичење пред СПЦ да се добие можност да се отиде во манастирот „Прохор Пчињски". Тоа го урива нашето достоинство. Мислам дека додека не се реши проблемот помеѓу МПЦ и СПЦ ние треба да најдеме достоинствен начин да го правиме тоа на друга локација. Може тоа да биде литургија во црква.

Може да биде нешто друго. Меѓутоа, ми се чини дека секоја година барање и со месеци чекање да добиеме одговор дали СПЦ ќе ни дозволи да влеземе зад портите на манастирот „Прохор Пчињски", мислам дека не е достоинствено за Македонија и најчесто тоа завршува со одбивање или пак прифаќање од условен карактер дека мора да се поздравиме со одредени личности, дека ако не се поздравиме нема да бидеме добредојдени.

Тоа не е достоинствено, тоа не е в ред. Мислам дека постојат многу поубави начини да се одбележи АСНОМ, да се одбележи тој спомен на жртивте на борците од тоа време, на луѓето кои дадоа огромен придонес за она што го имаме денеска, оние кои присуствуваа на заседанието на АСНОМ. Мислам дека дали тоа ќе трае пет или 50 години решавањето на проблемот меѓу МПЦ и СПЦ е ирелевантно" изјави Груевски во Трново по однос на прашањето дали новата влада ќе присуствува на 2 август на прослава на АСНОМ во манастирот „Прохор Пчињски", по сигналите на СПЦ дека тоа нема да го дозволи. (Б.Т.)





© 2001 Утрински Весник, сите права задржани