Број 2145 понеделник, 16 октомври 2006


  Економија

   

 

Извозниците ќе остварат 700 милијарди долари од нафтата

ЛОНДОН - Рекордните цени на нафтата би можеле на земјите извозници на оваа енергетска суровина годинава да им донесат приходи од околу 700 милијарди долари, објави Танјуг.

Зголемената побарувачка на нафта во светот во изминатите четири години ја зголеми нејзината цена од 20 на повеќе од 70 долари за барел, поради што водечките производители, кои во светската трговија учествуваат со над 40 проценти, се сж посигурни во нагорниот тренд.

Само водечките светски извозници на нафта, Саудиска Арабија и соседните арапски земји во Персискиот Залив оваа година од извозот на нафта би можеле да остварат повеќе од 300 милијарди долари. (МИА)

© 2001 Утрински Весник, сите права задржани