Општина Ѓорче Петров ќе го собира ѓубрето и од селата Над 25.000 жители
комуналниот смет го исфрлаат на диви
депонии и ги загрозуваат бунарите Лепенец -
Нерези
На одредени јавни места ќе се постават и метални контејнери за селектиран отпад од стакло, пластика и хартија
САЊА НАУМОВСКА
Општина Ѓорче Петров ќе го собира
комуналниот отпад од селата кои се наоѓаат во втората заштитна зона на бунарите
Лепенец - Нерези, кои не се опфатени во редовната програма на „Комунална
хигиена". Со тоа ќе се реши проблемот со ѓубрето на околу 25.000 жители, кое
најчесто завршува на диви депонии, а ќе се спречат и сите можни еколошки
катастрофи. Во моментов Општината преговара со хрватската фирма „Еко флор", која
веќе неколку години работи во македонски рурални општини, а на жителите на
селата Ново Село, Волково, Кисела Јабука, Стопански двор, Орман, Никиштани и
Кучково им се поделени анкетни ливчиња. Во Општината велат дека реализацијата на
проектот најмногу ќе зависи од расположението на жителите на селата, бидејќи за
да има економска оправданост, мора да се согласат најмалку 1.000 домаќинства.
Сите заинтересирани ќе добијат бесплатни индивидуални канти од 120 или
240 литри кои ќе се празнат еднаш или два пати неделно. На одредени јавни места
ќе се постават и метални контејнери за селектиран отпад од стакло, пластика и
хартија, а два пати годишно ќе се организираат и акции за исфрлање стари
предмети од домаќинствата во големи отворени контејнери. За услугата граѓаните
ќе плаќаат 195, односно 295 денари во зависност од кантата, колку што плаќаат и
сега на приватни комунални претпријатија. Разликата, нагласуваат во Општината, е
во тоа што „Еко флор" има договор со Дрисла каде што ќе го одложува сметот за
разлика од досегашните фирми кои ги фрлаат во Лепенец.
„Еко флор" е
комунална фирма која работи во повеќе тетовски рурални општини. Условите кои ги
нуди се добри, само сж зависи од граѓаните. Анкетните ливчиња ги поделивме и
имаат рок да ги вратат до крајот на август. Во септември ќе ги сумираме
резултатите и, најверојатно, од октомври ќе може да почне проектот.
Договорот ќе биде склучен на една година, за да се видат првичните
ефекти, по што ќе се продолжи на подолг период. Во целиот проект, покрај
решавањето на еден од најважните комунални проблеми на жителите на повеќе села,
ќе се реши и еден од приоритетите во заштитата на животната средина, кој е
зацртан во ЛЕАП-от, велат во Општината.