По еднонеделните жестоки борби во бунтовничката шиитска тврдина Фалуџа падна во рацете на Американците Цивилите не постат за Рамазан, туку поради недостиг од храна
ФАЛУЏА - Американските и ирачките сили во Фалуџа соопштија дека сега
речиси го контролираат целиот поранешен бунтовнички град по еднонеделните борби.
Американскиот секретар за одбрана, Доналд Рамсфелд, изјави дека сў уште има
групи на отпорот, но дека американските војници сега оперираат во поголем дел од
Фалуџа, речиси во целиот град.
Првиот конвој со помош пристигна поради
стравувањата од хуманитарна криза. Меѓутоа, портпарол на хуманитарната агенција
изјави дека американските сили не им дозволиле да ја дистрибуираат помошта.
Фардус ал Убаиди од ирачката Црвена полумесечина изјави дека пет камиони и три
амбулантни возила пристигнале до болницата во градот со храна и лекови, но тука
биле запрени. Болницата е отсечена од главниот дел на градот, каде што
хуманитарната агенција јавува дека цивилите се кријат во нивните домови без вода
за пиење и со малку храна. "Нашата состојба е многу тешка°, изјави еден жител од
центарот на градот во телефонски разговор со Ројтерс. "Немаме храна или вода.
Сите мои седум деца имаат тешка дијареа. Еден од синовите минатата ноќ беше
повреден од шрапнел и крвави, но не можам да направам ништо за да му помогнам°.
Жителот Абу Мустафа рече дека забележал американски и ирачки војници на неговата
улица додека одекнувале експлозии. "На улиците имаше тела на загинати°, рече
тој. Абу Мустафа има сознанија за шест семејства во близина кои се во слична
состојба, а потоа се расплака. "С? уште постиме иако денес е крај на
рамазанскиот пост°, рече тој.
Ирачкото Министерство за здравство вчера
соопшти дека испратило помош во крв и медицински материјали во болницата.
Портпарол на американската војска изјави дека дистрибуцијата на хуманитарната
помош била спречена поради безбедносни причини. Американскиот командант на
маринците, полковник Мајк Шап, изјави во Фалуџа дека неговите сили пребаруваат
куќа по куќа од северниот кон јужниот дел на градот. Тој рече дека пронашле и
уништиле големи количества оружје скриено во куќите и џамиите, како што се
ракети, нагазни мини и муниција. Полковник Шап е уверен дека цивилите или се
кријат во нивните домови или ги послушале американските предупредувања пред
нападот да го напуштат градот.
Ирачните се сведоци на ескалацијата на
насилство во целата земја, бидејќи бунтовниците се обидуваат да отворат нови
фронтови. Судирите во Рамади, во близина на Фалуџа, продолжија во саботата,
додека ирачката влада испрати дополнителни војници во северниот град Мосул за да
го смири насилството што се разгоруваше последниве денови. Американска воена
бригада замина за Фалуџа, но беше пренасочена кон Мосул. Привремениот премиер
Ијад Алави изјави дека е постигната "очигледна победа над бунтовниците и
терористите°. Над илјада бунтовници загинаа, а околу 200 се заробени, изјави
министерот за национална безбедност Касим Дауд. Сепак, тој рече дека милитантот
Абу Мусав ал Заркави, чија група изврши напади во Ирак и серија убиства на
заложници, избегал од градот.
Американскиот напад врз Фалуџа е со цел да
се врати контролата од бунтовниците и да се стабилизира земјата пред планираните
избори во јануари. Најмалку 24 Американци и пет ирачки војници загинаа, а речиси
180 американски војници се повредени откако започна нападот во понеделникот.
Десетици илјади цивили заминаа од Фалуџа пред офанзивата, но се смета дека
останале неколку илјади луѓе. Ирачката Црвена полумесечина ги опиша условите во
градот како катастрофални. (Ројтерс)