Број 1627 понеделник, 16 октомври 2006


  Хроника

   

 

Во скопското село Бојане
Во расправија меѓу тројца браќа, со пиштол убиен најмалиот од нив

Еден од браќата Љутвиу, Џ.Љ. (36), според полициска информација, е осомничен дека со неколку истрели од пиштол го убил својот најмал брат, Самет Љутвиу(30). Братоубиството се случи во петокот, во попладневните часови, во нивната семејна куќа во скопското село Бојане кога дошло до голема караница меѓу браќата. Најмалиот брат, Самет, ја напуштил просторијата и сакал да излезе надвор од куќниот праг. Но, средниот брат, Џ.Љ., тргнал по него и пукал неколку пати во градите и грбот на својот помал брат, кој го усмртил на самото место. Инаку, пиштолот "бернардели" со кој што е убиен Самет е во сопственост на најстариот брат, С.Љ. (47). Во текот на предистражната постапка е утврдено дека пиштолот бил набавен на црно и дека С.Љ. за него немал дозвола.

Скопската полиција изврши увид на местото на убиството и ги приведе и уапси двајцата браќа, по што му се предадени на истражен судија. Против нив ќе бидат изготвени кривични пријави. Истражниот судија им одреди мерка притвор од 30 дена, додека мртвото тело на Самет е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје. (Г.А.)

© 2001 Утрински Весник, сите права задржани