Грчките медиуми последниве денови со посмирено темпо се навраќаат на спорот со името со Македонија Атина вината ја префрла врз грчкото лоби во САД Уште еден потег ги
збуни Грците, „Американ ерлајнс“ ќе почне да слетува на еден
аеродром во турскиот Северен Кипар
Грчките медиуми се занимаваат со историјатот на спорот за името (горе)
Од нашиот известувач Димитар Чулев
Атина - За очекување беше дека
таканареченото ?скопско прашање" уште еднаш ќе биде третирано во
викенд-изданијата на грчките весници, овој пат со анализи и обид за
ретроспектива за сето она што се случуваше во изминативе 12 години, иако главна
преокупација на медиумите е новата ситуација околу Кипар и одгласите од посетата
на премиерот Костас Караманлис на Кипар.
?То вима" под насловот ?БЈРМ: Се
наметнува синтетичко име" констатира дека Грција не може да го избегне терминот
?Македонија" од новото име на северниот сосед како разрешница на спорот. Авторот
на текстот вели дека поддршката од ЕУ не е многу јасна зашто Унијата дава
сигнали дека нема да го прифатат уставното име на таа земја не затоа што ја
сакаат Грција, туку затоа што не им се допаѓа начинот на кој настапуваат
САД.
Во поширокиот напис што се обидува да ја објасни историската заднина
на спорот насловен како ?Дванесет години, а с? уште немаат име", неделна
?Елефтеротипија" потсетува дека во три наврати во Атина и во Скопје, наводно,
биле до постигнување зеднички прифатливо решение за спорот: во 1993 и особено во
1995 година кога олеснувачи во спорот беа Сајрус Венс и лорд Овен, а
предлог-решението било називот ?Новамакедонија", во еден збор. Истиот весник
констатира дека спорот бил блиску до решение во 2001 година, но поради
?конфликтот со Албанците" изгубена е шансата да се прифати името ?Горна
Македонија".
Изминативе денови во дел од написите се третира историјата
на македонско-грчкиот спор и се потсетува дека голем дел од вината за неговото
одолжување лежи во грчкиот министер за надворешни работи во владата на Мицотакис
во почетокот на 1990-тите, Андонис Самарас. Тој бил присутен на лидерската
средба што ја свикал Константин Караманлис на 19 февруари 1993 година и ги
уверувал шефовите на партиите дека никако не смее да се прифати терминот
?Македонија" во ниедно можно решение за името. Со тоа, како што констатира
?Атинс њуз", проблемот остана заглавен. Сега е ова особено актуелно и
најверојатно, сепак, ќе се одржи лидерска средба на која веројатно ќе се оди на
промена на одлуката од 1992 година.
Во истиот број ?Елефтеротипија"
констатира дека по признавањето на името од страна на Вашингтон, за Грција
најголемиот проблем се САД. Под насловот ?Грчкото лоби отсутно од Белата куќа",
се вели дека грчката дијаспора потфрли. "Се надевавме на многубројната дијаспора
и на многу силното лоби, но се покажа дека има малку од тоа", се вели во
написот.
Влијателниот ?Катимерини" пишува дека скопските власти сметаат
дека грчко вето во ЕУ не е многу веројатно. Под насловот ?Скопје: чекаме и
гледаме во Атина" се вели дека официјално Скопје, сепак, со внимание постапува
во целата ова ситуација и поради грчките инвестиции во Македонија. Во друг напис
потпишан од Јоргос Деластик, инаку советник на министерот за надворешни работи,
се критикува контроверзната американска политика на Балканот. САД , се вели, не
го гледаат регионот во целина, туку прават поединечни чекори.
Најавата на
турскиот шеф на дипломатијата, Абдулах Ѓул, дека Анкара нема да ја признае
Република Кипар, како и обврските на Турција како потенцијален кандидат за ЕУ
беше главната тема на разговорите меѓу премиерот на Грција, Костас Караманлис, и
претседателот на Кипар, Тасос Пападопулос, во кипарскиот град Ларнака. Во
многубројните написи и ТВ-емисии посветени на темата број 1, која ги потисна во
заден план и прашањето со името и американскиот потег кон Република Македонија,
се тврди дека новата турска политика не оди во прилог кон реунификација на
островот и дека Анкара се испречува на тој пат. Со самото тоа што Ѓул изјави
дека Турција не е подготвена по секоја цена да ја прифати понудата за
кандидатура во ЕУ, настан што би требало да се случи на 17 декември. Од друга
страна, с? почесто се споменува можноста за употреба на грчко вето доколку
Турција не се согласи на исполнување на условите: повлекување на 20.000-30.000
турски војници во Северен Кипар и прекин на имиграционата политика. Се споменува
дека во пресрет на идното унифицирање на Република Кипар, која е признаена од ЕУ
и остатокот од островот кој како Република Северен Кипар е признаен само од
Анкара, Турција населува лица од континенталниот дел на островот.
Конечно, духовите овде се разбранети и по информациите дека авиони на
американската компанија ?Американ ерлајнс" наскоро ќе почнат да слетуваат на
аеродромот ?Ердзан" (Тибу) во Северен Кипар што се третира како американски
потег кон води кон признавање, засега само на аеродромите на Северен Кипар.