Музеј на град Скопје Ревија на меѓународни археолошки филмови
Во организациоја на Музејот на град Скопје, Гете институтот од Белград,
Францускиот културен центар и Италијанскиот институт за култури, од вечера во
Музејот започна да се одржува ревија на меѓународни археолошки филмови. Ревијата
е реализирана со помош на Министерството за култура, а учествуваат со свој
придонес и Народниот музеј од Белград и белградскиот "Тара филм."
Вчера
на првиот ден од одржувањето, беа прикажани француските филмови "Шамполион
"скрб" на Египет" од Јеан - Цлауде Лубтсхански/Франција и "Изгубените гробници"
на Сахара на Фредериц Њинер. Денес публиката ќе може да погледне два филма
"Потеклото на човекот по трагите на Абел, Тхиеррѕ Рагоберт, Франција и "Тајната
на човекот лав", Германија. Проекциите започнуваат во 12 и 13 часот а до крајот
на ревијата, сабота 29 март ќе бидат прикажани уште десет филма. Филмовите се
титлувани на српски јазик, со образложение дека не се преведени на македонски
поради краткиот временски рок и техничките можности (К.Б.)