Број 2208 понеделник, 16 октомври 2006


  Спорт

   

 

Магдинчев/Кнител победници и во Хамбах

Македонскиот тенисер Лазар Магдинчев и Германецот Бастијан Кнител триумфираа во двојки и на фјучерсот „Дителбрун опен" во Хамбах, откако тоа им појде од рака и минатата недела во Бајројт, во рамките на ИТФ-сателитот во Германија со вкупен награден фонд од 25.000 долари. Магдинчев и Кнител како први носители и во Хамбах беа слободни во првото коло, во второто ги совладаа Русите Андреј Плотниј и Алексеј Циренов со 6-1, 6-3, во полуфиналето беа подобри од третите носители Андреја Алојзи од Италија и Патрик Брио од САД со 6-1, 6-4, а во финалето ги победија четвртите носители Петер Гојовчик и Филип Пијамонгкол од Германија со 6-3, 7-6 (8).

Првиот рекет на Дејвис куп репрезентацијата на Македонија настапи и во сингл, но како втор носител беше елиминиран уште во второто коло.

© 2001 Утрински Весник, сите права задржани