Број 2208 понеделник, 16 октомври 2006


  Свет

   

 

Талибанците се кријат во шумите со марихуана

Талибанските борци кои ги користат огромните авганистански шуми со марихуана за заштита, се докажуваат како тежок непријател за да се истераат со пуштање чад, посочи командантот на вооружените сили на Канада. Стеблата на марихуаната со висина од три метри лесно апсорбираат топлина, поради што е тешко да се пробијат со термални направи. Да се запалат не е опција бидејќи тие се полни со вода. „Се обидовме да ги запалиме шумите со марихуана со бел фосфор, но тоа не успеа", изјави канадскиот генерал Рик Хилер. „Се обидовме да ги запалиме со дизел, и тоа не успеа. Растенијата сега се толку полни со вода што едноставно не можеме да ги запалиме". Тој забележа дека неколку кафеави растенија на рабовите на некои шуми можат да се запалат, но тоа наметнува друг проблем. „Група војници која се наоѓаше во насока на ветерот постигна некои лоши ефекти и решивме дека тоа веројатно не е вистинскиот пат на дејствување", додаде тој. (Би-Би-Си њус)

© 2001 Утрински Весник, сите права задржани