Број 2208 понеделник, 16 октомври 2006


  На прво место

   

 

Лошо решение за Косово може да го дестабилизира регионот

„Македонија не е дел од проблемот на Косово и ниту е дел од решението. Македонија ги почитува преговорите кои се водат меѓу Приштина и Белград со посредство на меѓународната заедница и ќе го прифати секое решение кое не оди на штета на суверенитетот и интегритетот на Република Македонија", изјави вчера во Панчево македонскиот претседател Бранко Црвенковски. Црвенковски заедно со неговиот српски колега Борис Тадиќ во Панчево престојуваше кусо на одбележувањето на 60-годишнината од доселувањето на македонските колонисти во Војводина. Одговарајќи на прашање на новинарите како натаму ќе се одвива ситуацијата доколку се наметне еднострано решение, Борис Тадиќ изјави: „Секое решение кое не води сметка за двете страни може да претставува опасност и да го дестабилизира регионот. Треба да се води сметка за годините што доаѓаат, а не само за еден ден", рече претседателот Тадиќ. (Д.Ч.)





© 2001 Утрински Весник, сите права задржани