Број 2208 понеделник, 16 октомври 2006


  Хроника

   

 

Еден загинат и двајца повредени во судир на два автомобила

Еден загинат и двајца потешко повредени е билансот на тешката сообраќајна несреќа што завчера вечер се случи на булеварот „Југославија" во Скопје. На семафорите кај касарната „Илинден", околу 23,20 часот дошло до судир меѓу „фолксваген голф" и „опел вектра", при што Виктор Ангелковски (29) од Скопје, кој го управувал „опелот", загинал. Возачот на другиот автомобил Е.А. (19) и сопатникот Ф.С., двајцата од Скопје, се здобиле со повреди и се префрлени во болница. (Г.А.)

© 2001 Утрински Весник, сите права задржани