Број 2208 понеделник, 16 октомври 2006


  Скопје

   

 

Ниската цена на водата ја отежнува работата на „Водовод"

Барањето за зголемување на цената на водата, Градот го образложува со многубројните промени во многу сегменти на економски и стопански план кои придонесле до влошување на условите за работа на ЈП „Водовод и канализација". Во таа насока градските власти велат дека во последниве седум години дошло до неколкукратно зголемување на цената на горивата и на електричната енергија, кои како трошок за работа имаат големо влијание на работењето на претпријатието. На официјалниот сајт од Градот соопштуваат дека 64 отсто од водата што се дистрибуира до крајните потрошувачи се препумпува за што годишно се трошат 15.913 илјади киловат-часови и се додава дека со последното зголемување на цената на водата, електричната енергија е поскапена за 68, а нафтата за 125 отсто. (Сн.К.)

© 2001 Утрински Весник, сите права задржани