Одборот за доделување на наградата „11 Октомври" во 2006 година ги соопшти
добитниците на признанието кое се доделува за долгогодишни и значајни
остварувања во науката, образованието, културата и уметноста од интерес.
Наградата „11Октомври" во областа на науката и образованието е доделена на
Филозофскиот факултет „Блаже Конески" и на Природно-математичкиот факултет од
Скопје, д-р Трпе Груевски, инженер по кибернетика, проф. Виолета Панзова, доктор
по филозофски науки, проф. д-р Авзи Мустафа, филолог, и проф. д-р Љубинка
Басотова, класичен филолог.
За долгогодишни значајни остварувања во
областа на културата и уметноста, наградата им е доделена на: академик Коле
Чашуле, маестро Томислав Шопов, диригент, Илко Стефановски, актер, и Балетот при
МОБ. (Н.П.)