Број 1887 понеделник, 16 октомври 2006


  Култура

   

 

Во Македонскиот културен центар во Њујорк
Ретроспективна изложба на Славица Јанешлиева

"Кршливоста на животот" - детал, Славица Јанешлиева
Во Македонскиот културен центар во Њујорк денеска ќе биде отворена самостојна изложба на ликовната уметница Славица Јанешлиева, ретроспективен пресек на нејзиното досегашно творештво создавано во периодот од 1998 до 2005 година. Презентацијатра на Јанешлиева која се смета за еден од неодминливите примери на младата генерација македонски визуелни уметници, уметничкаиnbsp; со исклучителна дарба за визуелна нарација и изграден препознатлив ликовен исказ, е организирана од Националната галерија во Македонија, финансирана од Министерството за култура.
"Делата на Јанешлиева, присутни на македонскатаиnbsp; имеѓународнатаиnbsp; ликовна сцена во континуитет од десеттина години, во многу сегменти на специфичен начин истражуваа во суштината на визуелнотоиnbsp; изразување барајќи јаиnbsp; соодветната "рамка" што ќе ги обедини "приказната" и ликовното, личното и општото, делот и целината. Најчесто работени во циклуси нејзините дела експериментираатиnbsp; во повеќе насоки премостувајќи вообичаени шеми и традиционални граници, перманентно чепкајќи поиnbsp; сопствената меморија, некогаш копајќи по заеднички рани, дела често навидумиnbsp; херметични , но всушност податливи за општи "читања" - стои меѓу другото во каталоготиnbsp; за изложбата отпечатен и на македонски и на англиски јазик.иnbsp;
Славица Јанешлиева во Њујорк до 13 октомври ќе презентира дел од своите впечатливи и препознатливи визулени приказни за кои во рамките на своите минати презентации во една прилика и ќе забележи:иnbsp; "Дали кога ќе слушнете приказна, ги помните точните зборови со кои некој ви ја раскажал приказната, или пак си создавате некаква слика за приказната и кога вие ја раскажувате, всушност употребуватеиnbsp; свои зборови прераскажувајќи ја сликата?иnbsp;иnbsp;иnbsp;иnbsp;иnbsp;иnbsp;иnbsp;иnbsp;иnbsp;иnbsp; (К.Б.)
© 2001 Утрински Весник, сите права задржани